Репрезентацијата на Шпанија ја совлада Италија со 1:0 и ја запиша втората победа на вториот меч од групната фаза на ЕП и со тоа избори пласман во осминафиналето. „Фуријата“ беше многу подобра на теренот, жестоко притискаше и неколку пати го принудуваше Донарума со паради да го спасува својот гол.
Тинејџерот Ламине Јамал беше одличен, Вилијамс исто така, солиден и Фабијан Руис…
Голот падна во 55 минута кога по нафрлена топка од Вилијамс од левата страна, Калафиори ја смести топката во својот гол. (ГОЛОТ ОВДЕ)
Неколку минути подоцна можеше да биде и 2:0, а Камбијасо од гол линијата го одбрани шутот на Ле Норман. Потоа и Вилијамс се најде во убава шанса, но неговиот шут заврши во пречката.
Идното коло Шпанија ќе игра со Албанија, а Италија против Хрватска.