Јанев направи принудна замена: Ѓоргиевска на местото на повредената Коцева

159

Селекторот на нашата јуниорска ракометна репрезентација во женска конкуренција, Дарко Јанев, направи принудна замена во составот по вчерашната повреда на една од главните ракометарки во нашиот состав, Бојана Коцева. Таа по 10 минути игра беше изнесена од теренот и според последните информации има посериозна повреда која нема да и дозволи да се врати во репрезентативниот состав за ова младинско СП.

Ново име во репрезентацијата ќе биде средниот бек Ева Ѓоргиевска. Списокот на повредени играчи во македонскиот тим не е занемарлив, но и покрај тоа од стручниот тим најавуваат дека мотивирноста ќе остане на високо ниво.

Македонија следниот меч ќе го игра утре, а противник ќе ни биде првиот фаворит во групата, репрезентацијата на Исланд.

ПретходноФФМ излезе со реакција во врска со однесувањето на албанскиот репрезентативец Мирлит Даку
СледноСловенија натурализираше уште еден Американец со кој ќе се бори за место на ЛОИ 2024