Женската ракометна репрезентација на Македонија за играчи до 20 години, стартуваше со моќна победа над САД на светското првенство во Скопје. Селекторот на репрезентацијата, Дарко Јанев по мечот говореше и за повредата на една од најдобрите ракометарки, Бојана Коцева.
„Победа си е победа. Сега ќе мораме да се кренеме, да бараме замена за моторот на екипата. Да менуваме тактика…“, изјави Дарко Јанев по мечот.
Македонија денеска има слободен ден на шампионатот, а утре се среќава со Исланд во дуелот кој ќе решава за првото место во групата.