ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА СПОНЗОР НА СПОРТСКИ ИГРИ ВЕЛЕС

42

Видеолотарија Касинос Австрија обезбеди поддршка за спортскиот настан за млади- СПОРТСКИ ИГРИ ВЕЛЕС.

Видеолотарија Касинос Австрија продолжува да биде пријател на спортот. Под слоганот Играј со најдобрите, обезбедивме спонзорство за спортскиот настан СПОРТСКИ ИГРИ ВЕЛЕС. Станува збор за интересно случување кое преку спортот се обидува да изгради меѓународни пријателства и културна размена помеѓу младите луѓе. Спортски Игри Велес се симбол за бројни позитивни вредности и димензии поврзани со спортот: почит, фер игра, одговорност, соработка, тимска работа, размена и пријателство, вежбање и здравје.

Годинава игрите се одржаа во периодот од 4 до 6 јуни во Велес. Се реализираа турнири во одбојка на песок во машка, женска и микс конкуренција, мал фудбал, тенис, 3×3 баскет во машка, женска и јуниорска конкуренција и е-спорт. Сите спортски настани беа бесплатни за публиката.

Видеолотарија Касинос Австрија и во иднина, како модерна и општествено одговорно компанија, ќе остане посветена на поддршката на спортот и спортските настани, кои се од исклучително значење на правилно развивање на младите луѓе.

#ИграјЗаЗабава #ИграјОдговорно #ИграјСоНајдобритеNo description available.

No description available.

No description available.

No description available.

ПретходноШто пиеше Трипие за волшебно да ги спречи грчевите на мечот со Србија?
СледноПолувреме: „Жешко“ е во Минхен, мрежите мируваат, Словенците ја погодија стативата!