Денеска во Струга се игра “Суперкуп на Македонија“: Шампионот против освојувачот на Купот во пријателски меч!

1403

Денеска во Струга од 17:30 часот, во пријателски меч, силите ќе ги одмерат Струга ТЛ и Тиквеш. Секако дека тоа ќе биде убава можност за двајцата тренери Ќатип Османи и Ѓорѓи Мојсов да видат до каде е формата на нивните екипи во пресрет на евро настапите во квалификациите во ЛШ и ЛК.

Ова ќе биде и своевиден и “Суперкуп на Македонија“, ако се знае дека Струга ТЛ е актуелен шампион на Македонија а Тиквеш актуелен освојувач на Купот на Македонија.

May be an image of 8 people, people playing football, people playing soccer and text

Инаку кавадарчани од денеска се на подготовки во Охрид каде покрај денешната контрола со Струга ТЛ, ќе одиграа уште два меча. Денешниот меч за Струга ТЛ е прва ова лето, мислиме на пријателска, што значи своето деби на клупата ќе го има Ќатип Османи. Додека за Тиквеш ова е втора контрола во текот на овие подготовки, пред неколку дена во Тетово тимот на Тиквеш беше поразен од Шкендија со 1:0.

ПретходноЛестер го именуваше Стив Купер за нов менаџер
СледноФИФА листа: Македонија со пад од две места!