И клубот на Даку се огласи по повод простачкиот однос на репрезентативецот на Албанија кога ги пцуеше Македонците!

18672

Мирлинд Даку, репрезентативецот на Албанија и тоа како се “прослави“ со својот однос, поточно простачкиот однос за време на вчерашниот меч со Хрватска.

Имено тој ги пцуеше Македонците, по овој страшен инцидент се огласи со реакција и ФФМ, а денеска се огласи и неговиот клуб Рубин Казан:

Нашиот клуб не поддржува никакви навредливи акции или гестови. Играчот беше на располагање на репрезентацијата, но, секако, жалиме што дојде до ваква ситуација. Што се однесува до санкциите против играчот, ова е привилегија на УЕФА“

се вели во соопштението на рускиот клуб.

ПретходноПикси и Кек ги објавија стартните состави: Србија со Тадиќ, Словенија со истите единаесет од минатиот меч! (ФОТО)
СледноЕмотивно фото: Србите не заборавија на Михајловиќ! (ФОТО)