По стартната победа над Албанија, кадетската одбојкарска репрезентација на Македонија загуби во вториот меч на Балканското превенство во Албанија. Вчера во вториот меч избраничките на селекторот Митев со максимални 3:0 беа поразени од селекцијата на Романија.
МАКЕДОНИЈА – РОМАНИЈА 0:3 (18:25, 17:25, 17:25)
Романките, кои на стартот беа поразени од Бугарија, покажаа подобра игра во сите три сета и сосема заслужено дојдоа до победата. Во нашите редови на овој меч се истакнаа Милева со 7 и Милевска со 5 реализирани поени.
Денеска Македонија ќе го одигра и последниот меч од групната фаза. Во 15.30 часот се среќаваме со првиот фаворит во групата, селекцијата на Бугарија, која веќе го потврди пласманот на првото место по двете победни во првите две средби.