„Милинковиќ-Савиќ влезе во игра, а трча како баба“

1988

Поранешниот фудбалер, а сега фудбалски аналитичар за РТС, Раде Богдановиќ зборуваше за мечот Србија – Словенија кој заврши 1:1.
Тој беше бесен на Сергеј Милинковиќ-Савиќ кого го смета за главен виновник за голот.
Да не се лажеме, Србија одигра лошо, а овој гол, фала му на Господ, падна на крај од прекин. Се што беше опасно, падна од прекин. Само по себе е опасно кога топката доаѓа во петерецот, но на моменти лошо изгледавме, сепак, имавме среќа да постигнеме гол.
Ако играме вака со Данците, лошо ни се пишува. Ова е офанзивна екипа, а од една течна акција направија една шанса. Нема тука ништо офанзивно. Втора работа, јас го испцув Милинковиќ-Савиќ при првиот гол, добро што никој не слушна на ТВ. Човекот туку што влезе, а трча како баба по десниот бек кога го примивме голот“, изјави Богдановиќ.

ПретходноСтојковиќ: Србинот не умира така лесно, не сакавме да прифатиме пораз од Словенија
СледноПријателска: Голеада во Струга, Тиквеш победи со 3:4!