Во Франкфурт, репрезентациите на Данска и Англија одиграа 1:1 во рамките на 2.коло од групната фаза на ЕП. Меч кој изобилуваше со шанси на обете страни и два гола во првото полувреме. Англичаните го отворија резултатот во 19 минута. Вокер успеа да украде топка, да го проигра Кејн кој од седум-осум метри го погоди голот. (ГОЛОТ ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ОВДЕ)
Данците одговорија во 34 минута. Одличен гол на Мортен Хјулманд, играчот за врска на Спортинг, кој ја погоди мрежата со шут од околу 30 метри.
(ГОЛОТ ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ОВДЕ)
Во второто полувреме Фил Фоден со шут од далечина ја погоди стативата. Селекторот Герет Саутгејт ја промени целата офанзива, место Кејн, Сака и Фоден во игра влегоа Воткинс, Езе и Боувен. Сепак, тоа ништо не донесе, јалова и слаба игра од фаворитот за трофејот.
Данците имаа неколку убави шанси додека во последните пет-шест минути ги притиснаа Англичаните кои одлучија да задржуваат време и да го чуваат ремито.