Заврши првото полувреме од “Балканското дерби“ во Минхен од групата – Ц на ЕП. Голови немаше, мрежите мируваа, но беше жестоко на дуелот меѓу Словенија и Србија. Прво Словенците во раната фаза имаа две убави шанси, но голманот Рајковиќ ги спаси Србите.
Четата на Драган Стојковиќ Пикси врати во 27. и 31.минута кога Митровиќ и Влаховиќ и тоа како опасно се заканија, но сега Облак беше одличен на голот.
Во 37.минута Елшник ја погоди стативата, на одбиената топка Шешко беше сам, но шутираше над голот.
Во последните минути од првиот дел се играше со отворен гард, Митровиќ мораше и можеше да реагира подобро, но сепак на пауза се замина со тие почетни 0:0.