Селекцијата под 20 години поразена од Црна Гора

210

Втората фаза од подготовките за на настап на младинскиот Евробаскет во Полска, селекцијата „Под 20“ години на Македонија ја започна со контролен натпревар, и тоа на гостински терен, во Подгорица, во кој домаќините стигнаа до победата со резултат (66:55).

Во поголем дел од оваа прва проверка, посебно во првото полувреме Црногорците имаа резултатска предност.

По пет миниити од играта, домашната селекција водеше со (12:4), за првиот период го реши во своја корист со (17:11). Не баш ефикасно се играше и во втората, во која одново Црна Гора имаше предност, но не и двоцифрена, па на полувремето резултатот беше сличен, водство на домашниот тим со резултат (32:24).

Најдобрите минути на македонските младинци беа по одморот.

Во оние од третата четвртина, Македонија успеа да го сврти резултатот во своја полза. По изедначувањето (35:35), во 26.минута водевме со (39:35). Но до крајот на овој период од играта, Црна Гора, сепак имаше мала предност (46:44). Егал резултат на семафорот стоеше се до 35.минута (54:53), но со лош финиш во кој дадовме само два поени за пет минути, ја загубивме оваа прва „контрола“.

Со 15 поени се издвои Стојаноски, а двоен број на поени даде само уште Бошалески 11 (3/5 во шутот за три поени).

Утре на исто место, со почеток од 18 часот, двете селекции ќе го одиграат вториот контролен меч.

ПретходноМаската стигна, Мбапе на терен против Холандија
СледноАл Итихад го откачи Гаљардо, го повикува Пиоли