Србија бара жестоки казни за Албанија и Хрватска, подготвена е и да го напушти ЕП 2024

547

Јован Шурбатовиќ, генералниот секретар на Фудбалскиот сојуз на Србија, вчера побара строга казна за Хрватска и Албанија, чии навивачи заедно на мечот на ЕП пееја „Убиј го Србинот“.

„Најпрво сакам да им се заблагодарам на нашите навивачи за поддршката на натпреварот со Англија и се надевам дека ќе ја победиме Словенија. Тоа што се случи е скандалозно и ќе бараме санкции од УЕФА, дури и по цена да не го продолжиме натпреварувањето“, изјави Шурбатовиќ за српската национална телевизија РТС.

ПретходноСкандал до скандал: Фудбалерот на Албанија Даку ги пцуеше Македонците и Србите (ВИДЕО)
СледноКорените не се забораваат: Волкановски ја крштеваше ќерката во македонска црква (ФОТО)