УЕФА покрена постапка против Даку

1160

Официјално. УЕФА покрена постапка против албанската фудбалска репрезентација поради немилите сцени за време и по завршување на мечот со Хрватска. Фудбалската федерација на Албанија е на тапет поради расистичките/дискриминирачките скандирања и пораки од страна на навивачите на трибините, а од УЕФА додадоа дека за непримерно однесување под истрага е и фудбалерот Мирлинд Даку.
Во наредните денови Дисциплинската комисија ќе одлучи по овие постапки.

Претходно ФФ на Албанија се најде на тапет поради влегување на навивач на теренот и прекин на мечот од првото коло против Италија.

ПретходноАл Итихад го откачи Гаљардо, го повикува Пиоли
СледноСрпски фан со порака со која го насмеа регионот: “Кога сте веќе таму, можете ли…“! (ФОТО)