Што пиеше Трипие за волшебно да ги спречи грчевите на мечот со Србија?

208

Во првиот натпревар на ЕП кој го одигра англиската репрезентација, беше забележано дека Киран Трипие има големи проблеми со грчеви во нозете. На неколку наврати реагираа лекарите, а при едно влегување Киран доби две кесички кои мораше да ги испие.

Многумина од навивачите се прашуваа какво „тајно оружје“ доби Трипие.

Според англиските новинари, една од кесичките била наполнета со сок од краставица, кој Трипие морал да го испие за да го спречи грчењето во ногата.

Тоа е затоа што сокот од краставица е 40 отсто побрз од водата за да стави крај на грчевите, пишува BBC Sport и се повикува на тениската ѕвезда Карлос Алкараз, кој ги користи истите методи.

Сокот од краставица содржи натриум, калиум и оцет, кои ја заменуваат солта што недостасува во организмот. Дополнително, при конзумирање на сокот се активира рефлекс во устата, што треба да спречи грчеви на мускулите.

ПретходноЕмотивно фото: Србите не заборавија на Михајловиќ! (ФОТО)
СледноВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА СПОНЗОР НА СПОРТСКИ ИГРИ ВЕЛЕС