Добредојде Бамба: Шкендија се засили со напаѓач од Брегот на Слоновата Коска! (ФОТО+ВИДЕО)

314

Дауда Бамба (29) од денеска и официјално е ново име во редовите на Шкендија. Тетовци утринава го промовираа своето второ летно засилување, па така по Трумчи, од денеска тимот на стратегот Јетон Беќири е посилен и за Бамба.May be an image of 1 person, playing football, playing soccer and text

Од она што може да се види на интернет, последен клуб на напаѓачот од Брегот на Слоновата Коска, кој има и норвешки пасош, бил Умраиниеспор од Турција, претходно играл и за ЦСКА Софија. Бил член и на Алтај, Бран и други клубови.

Ако биде во добра форма секако дека Бамба ќе биде големо засилување за тетовци во настапите на евросцената ова лето.

ПретходноШпанскиот селектор со една изјава ја раздрма Европа
СледноМеси урна рекорд стар 71 година