Разбојници упаднале додека гледал ЕП: Баџо претепан, ограбен и затворен!

337
Фото: Roberto Baggio @BaggioOfficial

Роберто Баџо, еден од најдобрите италијански фудбалери на сите времиња и добитник на Златната топка во 1993 година, бил претепан, ограбен и затворен откако провалници упаднале во неговиот дом додека го гледал евро-натпреварот Италија-Шпанија со своете семејството. Полицијата соопшти дека во вилата на Баџо во Алтавила Висентина упаднале пет маскирани и вооружени провалници.

Баџо се соочил со нив, а во конфликтот бил повреден. Локалните медиуми јавуваат дека тој подоцна бил примен во болница и морало да му се сошијат раните. Откако провалниците го совладале, Баџо и членовите на неговото семејство ги затвориле во плакар. Потоа им ги украле часовниците, накитот и другите вредни предмети. Баџо потоа успеал да се ослободи и да повика полиција, која сега го истражува случајот.

ПретходноРодри го прекрши новото правило на УЕФА, нема да игра на следниот меч
СледноВреме е за нов предизвик: Наташа Андонова се раздели со Леванте