Напаѓачот на албанската репрезентација Мирлинд Даку најверојатно ќе биде казнет со супспензија на неколку натпревари поради тнавредливото скандирање кон Македонците и Србите по натпреварот од 2. коло од групната фаза на Европското фудбалско првенство со репрезентацијата на Хрватска (2:2 ). Веста ја објави шпански „АС“.
Претходно, нашата Фудбалска федерација исправи допис до УЕФА и побара јавно извинување од Даку за неговото непристојно однесување.
Се чека конечната одлука на УЕФА, но се чини дека Даку нема да биде во составот на Албанија за мечот со Шпанија во понеделник.