Холандија – Франција 0:0, ете и тоа се случи на ЕУРО 2024, еден меч да заврши без голови. Сепак, супер интересно беше на големото дерби вечерва во Лајпциг. Меч кој изоболуваше со по неколку шанси за гол, меч во кој и двата гиганти посакуваа победа, но…
Франција можеше да дојде до победа само ако Гризман не промашуваше зицери, а Холандија постигна убав гол, и тоа преку Чави Симонс, но ВАР после неколку минути анализирање на тој момент одлучи голот да се поништи зошто неговиот соиграч Дамфрис беше најблиску до голманот Мањан. Се чини исправна одлука без разлика што Холанѓаните од еуфорија брзо ги зафати тага.
Килијан Мбапе целиот меч во Лајпциг, меч од 2.коло во групата – Д, го преседе на клупата на Франција. Едноставно селекторот на “триколорите“ сметаше дека нема потреба до толку да се ризикува со повредата на носот на мега – ѕвездата.
Во последното коло, во кое двете селекции влегуваат со по четири бода, Франција се среќава со Полска, додека Холанѓаните ќе играат со Австрија која веќе нема никакви шанси да се најде во осминафиналето на ова ЕП.