Дауда Бамба (29) од денеска и официјално е ново име во редовите на Шкендија. Тетовци утринава го промовираа своето второ летно засилување, па така по Трумчи, од денеска тимот на стратегот Јетон Беќири е посилен и за Бамба.
Од она што може да се види на интернет, последен клуб на напаѓачот од Брегот на Слоновата Коска, кој има и норвешки пасош, бил Умраиниеспор од Турција, претходно играл и за ЦСКА Софија. Бил член и на Алтај, Бран и други клубови.
Ако биде во добра форма секако дека Бамба ќе биде големо засилување за тетовци во настапите на евросцената ова лето.