Кире Ристевски (33) е ново име во таборот на нашиот шампион. Попладнево Струга Трим Лум го промовираше своето големо засилување во дефанзивата, кое може да игра и на левата бековска позиција.
Додека попладнево сите ја очекуваа промоцијата на Алекса Марушиќ, раководството на Струга ТЛ се пофали со некогашниот репрезентативец кој во својата кариера играше и за Пелистер, Работнички, како и во клубови од Албанија, Унгарија, Бугарија, Кипар, Ерменија….