Кадетките ќе се борат за 5. место на Балканското првенство

149

Кадетската одбојкарска репрезентација на Македонија ќе се бори за 5. место на Балканското првенство во Тирана. Во групната фаза, нашите девојки беа поразени со 3:0 и од селекцијата на Бугарија, со што го освоија 3. место и во разигрувањето ќе се борат за петтата позиција со третопласираната селекција од другата група, односно кадетките на Црна Гора.

БУГАРИЈА – МАКЕДОНИЈА  3:0  (25:14, 25:14, 25:11)

Во последното 3. коло од групната фаза, избраничките на Александар Митев загубија од Бугарија со убедлив резултат, во меч во кој Бугарките го потврдија својот фаворитски статус.

Црногорките со кои утре ќе се бориме за петтата позиција, во групната фаза исто така остварија само една победа и тоа над репрезентацијата на Молдавија.

 

ПретходноСаутгејт го остави Рашфорд дома, по ремито со Данска се огласи неговиот брат
Следно„АС“: УЕФА ќе го суспендира Даку на неколку натпревари!