Никола Калиниќ и официјално се врати во црвено-белиот тим каде ќе го започне третиот мандат.
Иако многу евролигаши беа заинтересирани за услугите на Калиниќ, тој одлучи да им помогне на „црвено-белите“ да ги одбранат сите трофеи следната сезона.
Тој претходно играше во Црвена Звезда во периодот од 2014 до 2015 година, а потоа и од 2021 до 2022 година. Минатата сезона во Евролигата имаше скор од 7,3 поени, 3,8 скока и 2,4 асистенции. Тој е третото засилување на Црвена Звезда ова лето, а пред него пристигнаа Урош Плавшиќ и Ајзеа Кенан.
— KK Crvena zvezda Meridianbet (@kkcrvenazvezda) June 21, 2024