Македонските ракометарки на „мегдан“ против Исланд за пласман во главната рунда

182

Македонската женска младинска репрезентација уште денеска може да го завери билетот за главната рунда на Светското првенство кое се одржува во Скопје. По убедливиот триумф над САД на отварањето на Мундијалот (32-15), избраничките на Дарко Јанев ќе ги одмерат силите против фаворитот во напата група Х, Исланд. Мечот е закажан со почеток во 18 часот во СЦ „Борис Трајковски’.

Исланд исто како Македонија стартуваше со победа, против Ангола славеше со 24-19.

Нашата репрезентација на првиот меч остана без една од најдобрите Бојана Коцева, која се повреди на стартот на дуелот против САД. На нејзино место е повикана Ева Ѓоргиевска.

Токму повредата на Коцева промени многу работи, а Јанев најави дека за кратко време ќе морат да ја сменат многу тактички работи во играта.

Претходно во нашата група силите ќе ги одмерат Ангола и САД.

ПретходноПелистер доби вајлд-карта за Лигата на шампиони
СледноСаутгејт го остави Рашфорд дома, по ремито со Данска се огласи неговиот брат