Аргентина со победа ја започна одбраната на титулата на Копа Америка откако синоќа во првиот натпревар во Атланта во групата А ја совлада Канада со 2:0.
Лионел Меси не се запиша во листата на стрелци, но го собори и рекордот по број на настапи во Копа Америка започнувајќи го својот 35. натпревар во ова натпреварување против Канада. Најдобриот аргентински стрелец на сите времиња и играч со најмногу настапи за него, го надмина поранешниот чилеански голман Серхио Ливингстон, кој го постави рекордот во 1953 година.
36-годишниот фудбалер го имаше своето деби на Копа Америка на 20-годишна возраст во 2007 година, а го освои турнирот во 2021 година. Меси постигна 13 гола и забележа 17 асистенции на Копа Америка.