Мејсон Гринвуд се сели во Серија А?

561

Контроверзниот англиски фудбалер Мејсон Гринвуд покажа голем талент во Манчестер Јунајтед, а потоа влезе во големи проблеми поради своето однесување, доби фудбалска преродба во Гетафе, а сега е блиску до заминување во Серија А.

Како што пренесуваат англиските медиуми, англискиот напаѓач би можел кариерата да ја продолжи во Лацио.

Гринвуд мина една сезона во Гетафе како позајмен играч на Јунајтед, но јасно е дека поради личните проблеми кои ги имаше на Островот најверојатно нема да се врати на „Олд Трафорд“.

Лацио наводно е сериозно заинтересиран, а Тајмс наведува дека е подготвен да плати 30 милиони фунти.

ПретходноПолски фан со шише погоди полицаец, а потоа се случи ова…(ВИДЕО)
СледноПолувреме: Без голови на големото дерби во Лајпциг, “Зоро“ на клупата на Франција! (ФОТО)