Младинците со нов пораз од Црна Гора!

147

Во два дена, младинските селекции на Македонија и на Црна Гора го одиграа и вториот контролен натпревар во оваа средишна фаза од подготовките за учество на ЕП од Дивизијата „А“ во Гдиња.

А нашите млади кошаркари „Под 20“ години, и по втор пат беа поразни во салата „Воцо“ во Подгорица. Домашната селекција имаше одлична последна четвртина во која обезбеди дури и двоцифрен триумф од (73:58).

Слично како и на првиот натпревар, младинците на Црна Гора имаа водство, на крајот на првата четвртина беше (20:15), на полувремето нешто пониско (37:34).

Слично се одвиваа настаните и во третата четвртина во која дојдовме на само еден поен негатива, но не успеавме и да поведеме. По три одиграни четвртини Црна Гора сеуште водеше, со резултат (51:46).

А потоа следуваа и најслабите пет минути од оваа „контрола“. Во периодот од 30. до 35.минута, Црногорците направија серија (14-4), по која поведоа со недостижни (65:50).

Разлика која ја оддржаа во оние последни пет минути од овој втор меч во рок од два дена, а во кој по втор пат, најефикасен во ростерот на селекторот Боро Смилковски беше Тома Стојаноски, стрелец на 15.поени, додека пак по 12.реализираа Теодор Симиќ и Андреј Шошкиќ.  

Поени за нашиот тим „Под 20“ години на овој меч реаализираа уште и: Бошалески 8, Јакимовски 6, Бојчев 2, Саити 2 и Иванов 1.  

По овој двомеч со селекцијата на Црна Гора, нашите млади кошаркари се враќаат во Скопје каде ќе ги продолжат подготовките за настап на младинскиот Евробаскет во Полска.

ПретходноМбапе на клупа, познати се стартните состави на Франција и Холандија! (ФОТО)
СледноПолски фан со шише погоди полицаец, а потоа се случи ова…(ВИДЕО)