Надал отвара тениска академија во Албанија!

276

Еден од најдобрите тенисери во историјата, склучи договор со властите во Албанија, во кој стои дека набргу ќе отвори тениска академија во Драч.

Ова го потврдија премиерот на Албанија, Еди Рама, како и самиот тенисер.

Инаку академијата ќе биде стационирана во Драч, каде што ќе има има 12 тениски терени со сите придружни елементи.

Ми се допаѓа визијата на Албанија за промоција и неговите вредности. Сигурен сум дека овој проект ќе биде успешен“ образложи шпанскиот тенисер.

ПретходноТошевски од Шкупи и Алији од Ѓорче пред промоција во Брера, се чека и на Најдовски!
СледноБез голови во Лајпциг: Гризман промашуваше зицери, ВАР му поништи гол на Симонс… (ФОТО)