Нено се збогува со УНИКС, очекува промоција во Олимпија Милано!

105

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Ненад Димитријевиќ, денеска и официјално се збогуваше со својот досегашен клуб, УНИКС Казан. Димитријевиќ во изминатите две сезони настапуваше за УНИКС, а кариерата ќе ја продолжи во Олимпија Милано, со која допрва треба да го потпише договорот.

Во последната сезона на ВТБ лига, 26-годишниот Нено одигра 50 натпревари, на кои имаше во просек 18,6 поени, 6,9 асистенции, 3,6 скока и 1,2 украдени топки за 30:01 минути поминати на терен. Дополнително, Димитриjевиќ беше прогласен и за МВП на регуларниот дел од сезоната.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by UNICS Kazan (@unicsbasket)

ПретходноПОЛУВРЕМЕ: Словачка на едно полувреме до осминафинале (ВИДЕО)
СледноЈасир Асани ќе биде нов фудбалер на Лас Палмас