Заврши првото полувреме на големото дерби на денот меѓу Холандија и Франција во Лајпциг, и тоа без голови. Се играше квалитетно, брзо, со по неколку шанси за гол, најзрели беа оние на Гакпо и Гризман, но мрежите мируваа.
Франција игра без Килијан Мбапе кој има нова маска и чека евентуално да влезе во игра во второто полувреме ако има некоја потреба.
Со евентуално реми и двете селекции ќе имаат по 4 бода и веројатно на коло до крајот ќе бидат обезбедени со пласманот во осминафиналето.