ПОЛУВРЕМЕ: Словачка на едно полувреме до осминафинале (ВИДЕО)

92

Фудбалерите на Словачка водат на полувреме во натпреварот од второто коло од Европското Првенство против репрезентацијата на Украина со 1:0. Шранц го отвори резултатот во 17-тата минута со одличен удар со глава во шеснаесетникот.

До крајот на првото полувреме Украинците се разбудија и почнаа да притискаат, но не успеаја да стигнат до изедначување. Во последните минути од првиот дел Словаците имаа добра шанса за зголемување на предноста преку Хараслин, но тој не погоди.

Едно полувреме ги дели Словаците до пласман во осминафиналето, доколку резултатот остане во нивна корист.

ПретходноФалкао се врати дома, потпиша за Милионариос
СледноНено се збогува со УНИКС, очекува промоција во Олимпија Милано!