Украина со пресврт успеа да ја победи Словачка и да остане во живот за осминафинале (ВИДЕО)

88

Словачка не успеа да издржи пред налетите на Украина и иако имаше предност од 1:0 на полувреме на дуелот од 2. коло од групата „Е“ на крајот загуби со 2:1 и не успеа да направи изненадување со евентуален пласман во осминафиналето уште по само две одиграни средби. Украинците по дебаклот од Романија во 1. коло, вечерва успеаја да се вратат од „мртвите“ и со два гола во второто полувреме да ја запишат првата победа на првенството.

Словаците одиграа одлично прво полувреме и со голот на Шранц во 17. минута обезбедија предност од 1:0. Во второто полувреме Украина ја смени играта, го зголеми притисокот и на крајот доби „џекпот“. Најпрво во 54. минута Шапаренко успеа да го совлада голманот Дубравка и да израмни на 1:1, а јаремчук кој влезе од клупата во 80. минута успеа и вторпат да го погоди словачкиот гол за пресврт и победа на Украина.

Во 3. коло Украина ќе се сретне со Белкгија, а словачка ќе бара бод против Романија за евентуално место во елиминациската фаза.

Standings provided by Sofascore

 

ПретходноЈасир Асани ќе биде нов фудбалер на Лас Палмас
СледноВан Нистелрој на клупата на Барнли