Јасир Асани ќе биде нов фудбалер на Лас Палмас

209

Некогашниот фудбалер на Вардар, а сегашен репрезентативец на Албанија, Јасир Асани ќе биде ново засилување за шпански Лас Палмас. Како што објавија шпанските медиуми, Лас Палмас е блиску до потпис на договорот со Асани, кој минатата сезона ја помина во екипата на Гвагжу во Ј. Кореја.

Албанскиот напаѓач има преддоговор со клубот од Канарските Острови и по ЕП треба да потпише на две сезони. Шпанските медиуми откриваат дека се уште кочницата на реализацијата на договорот е неговиот клуб Гвангжу кој се уште не сака да му дозволи на Асани да замине, затоа што неговиот договор е со важност до декември.

Доколку не се согласат за предвремен раскин, Лас Палмас по се изгледа ќе чека на комплетирање на трансферот во јануари.

ПретходноНено се збогува со УНИКС, очекува промоција во Олимпија Милано!
СледноУкраина со пресврт успеа да ја победи Словачка и да остане во живот за осминафинале (ВИДЕО)