Јуриќ заминува од Торино, Ваноли ги презема „биковите“

88

Иван Јуриќ повеќе нема да биде тренер на Торино. Клубот најави збогување со хрватскиот тренер кој по три сезони ќе го напушти Торино. На тренерската позиција ќе го замени Паоло Ваноли, кој пристигнува од Венеција.

Јуриќ го напушта Торино по 122 натпревари во сите натпреварувања. Торино не ги задоволи очекувањата оваа сезона и заврши на 9-тото место на табелата, зад сите големи ривали.

Паоло Ваноли, вчера и официјално го раскина договорот со Венеција и во најскоро време ќе го превземе Торино. Се чека и официјална потврда од италијанскиот великан. Ова ќе биде нов предизвик за Ваноли, кој откако ја врати Венеција во Серија А, ќе има задача да го оживее “биковите”.

ПретходноЕкстра засилување: Кире Ристевски во дресот на шампионот! (ВИДЕО)
СледноНајавен трејд: Гиди оди во Чикаго, Карусо се сели во Оклахома