Калиниќ се врати во Црвена Звезда

67

Никола Калиниќ и официјално се врати во црвено-белиот тим каде ќе го започне третиот мандат.

Иако многу евролигаши беа заинтересирани за услугите на Калиниќ, тој одлучи да им помогне на „црвено-белите“ да ги одбранат сите трофеи следната сезона.

Тој претходно играше во Црвена Звезда во периодот од 2014 до 2015 година, а потоа и од 2021 до 2022 година. Минатата сезона во Евролигата имаше скор од 7,3 поени, 3,8 скока и 2,4 асистенции. Тој е третото засилување на Црвена Звезда ова лето, а пред него пристигнаа Урош Плавшиќ и Ајзеа Кенан.

ПретходноМеси урна рекорд стар 71 година
СледноПелистер доби вајлд-карта за Лигата на шампиони