Македонските ракометарки убедливо совладани од Исланд (ФОТО)

119

Македонската женска јуниорска репрезентација го запиша првиот пораз на Светското првенство кое се одржува во Скопје. „Црвено-жолтите“ имаа сили само за едно полувреме против Исланд, по што целосно беа надиграни и совладани со 17-29 (11-11). Шансата за пласман во главната рунда Македонија ќе ја бара против Ангола утре.

Нашите ракометарки одлично го отворија натпреварот, поведоа со 2-8 на средината на првото полувреме. Но, за жал тука застанаа. Составот на Дарко Јанев целосно се распадна, не функционираше ништо, на другата страна Исланд максимално ги казни сите грешки на „црвено-жолтите“, врати со серија од 9-2 за прво водство на мечот од 10-11 пред крајот на полувремето, кое заврши 11-11.

Исланд продолжи во силен ритам со четири гола набрзина поведе со 11-15 по само шест минути игра во второто полувреме. Јанев повика тајм-аут, Емилија Ризоска после осум минути го прекина налетот на противникот и намали на 12-15. Ова не беше доволно за евентуален кам-бек, бидејќи Исланд од овој момент постигна 13 гола, а Македонија само три за 15-28 во 58. минута.

Ризоска со седум гола беше прв стрелец, четири гола имаше Младеновска.

ПретходноПромоција: Ристевски потпиша двегодишен договор со Струга ТЛ! (ФОТО)
СледноПријателска: Шкендија ја победи Тирана со 1:0!