Пелистер доби вајлд-карта за Лигата на шампиони

238

Македонскиот првак, Пелистер и следната сезона ќе игра во Лигата на шампиони. ЕХФ пред малку ги објави имињата на екипите кои добија зелено светло.

Покрај битолскиот тим вајлд-карта добија ППД Загреб (Хрватска), Нант (Франција), Пик Сегед (Унгарија), Кјелце (Полска), Динамо Букурешт (Романија) и  данската Фредериција. Овие тимови ќе им се придружат на Алборг, Барселона, ПСЖ, Магдебург, Фуксе Берлин, Веспрем, Колстад, Висла Плоцк и Спортинг.

Ждрепката за групната фаза ќе се одржи на 27. јуни.

 

ПретходноКалиниќ се врати во Црвена Звезда
СледноМакедонските ракометарки на „мегдан“ против Исланд за пласман во главната рунда