Втор контролен меч за Шкендија и втора победа од 1:0. Ако пред неколку дена во Тетово четата на стратегот Јетон Беќири славеше со Тиквеш со 1:0, денеска со истиот резултат екипата на Шкендија славеше против Тирана.Стрелец на победничкиот гол, на мечот кој се одигра во Радолишта, беше младинскиот репрезентативец на Македонија, Решат Рамадани и тоа во 89.минута.
Ова беше уште една убава можност за Беќири да има увид во моменталната форма на својата екипа во пресрет на европските настапи.