Попладнево во Охрид во пријателски натпревар, Тиквеш со 2:0 го победи шампионот на Косово, тимот на Балкани. Стрелец на првиот гол беше Бразилецот Робертињо во 71.минута, додека во 90. минута Вареловски ги постави конечните 2:0.
Ова беше трет контролен меч ова лето за составот на стратегот Ѓорѓи Мојсов и втора победа. Првата против шампионот на Македонија, Струга ТЛ со 4:3, втората против шампионот на Косово.
Според информациите од таборот на кавадарчани, Тиквеш и денеска одиграл навистина добро и се чини дека ќе биде во добра форма во пресрет на двомечот од 1.квалификациско коло во Лигата на Конференции против тимот на Бредибалик од Исланд.