Голманот на Холандија постави европски рекорд

616

Холандија одигра без голови против Франција. На голот на Холандија беше Барт Вербруген, кој го сочува својот гол и постави рекорд на Европските шампионати. Тој со 21 година и 308 денови е најмладиот голман во историјата на ЕП кој не примил гол.
Исто така тој имаше 39 успешни додавања од вкупно 40 или 97,5 проценти на успешност што е највисок процент меѓу голманите на европските шампионати откако се води статистика од 1980 година.
Вербруген кој е играч на Брајтон го запиша 10-тиот настап за Холандија. Тој дебитираше во октомври 2023 година во квалификациите за ЕП 2024, против Франција.

ПретходноЧудно но вистинито: Франција не знае да победува без Мбапе
СледноДанило: По првата сезона во Реал сакав да се откажам од фудбалот