Данило: По првата сезона во Реал сакав да се откажам од фудбалот

1381

Капитенот на Јувентус, Данило открива дека бил „депресивен“ и се чувствувал „бескорисен“ во неговата прва сезона во Реал Мадрид, кога дури размислувал да го напушти фудбалот, но посетата на психолог му ја „спасила“ кариерата.
Данило се отвори за неговиот личен и професионален живот во отворено писмо објавено од The ​​Players’ Tribune.

Бразилскиот дефанзивец му се приклучи на Јувентус во летото 2019 година од Манчестер Сити, но првиот голем потег во неговата кариера дојде во 2015 година, кога тој се пресели во Реал Мадрид од Порто во зделка од 31 милион евра.
За време на мојата прва сезона во Реал Мадрид бев во депресија. Се изгубив, се чувствував бескорисно. На теренот не можев да направам додавање од пет метри. Надвор од теренот, како не можев ни да се движам“, призна капитенот на Јувентус.

Мојата страст за фудбалот исчезна, а јас не видов излез. Сакав да се вратам во мојот дом во Бразил и никогаш повеќе да не играм фудбал.

Кога игравме против Алавес неколку месеци во сезоната, Тео Ернандез ми ја украде топката и нафрли за Дејверсон да постигне гол. Точно дека победивме со 4-1, но тоа беше грешка што не можете да ја направите во Реал Мадрид. Никогаш нема да ја заборавам таа вечер, кога отидов дома не можев да спијам.
Напишав во мојот дневник: Мислам дека е време да го напуштам фудбалот. А имав 24 години“.

Пресвртна точка за Данило беше барањето помош и посетата на терапевт.

По неколку месеци страдање, почнав да одам кај психолог и тој навистина ми ја спаси кариерата. Најважната лекција што ми ја одржа беше повторно да ја гледам играта низ очите на детето“, изјави Данило.

ПретходноГолманот на Холандија постави европски рекорд
СледноИсторијата е испишана: Грузија го освои првиот бод на Европските првенства