Дешамп: За жал, не успеавме да го најдеме патот до голот

134

Селекторот на Франција, Дидие Дешамп зборуваше по ремито 0-0 на неговата репрезентација со Холандија во натпреварот од 2.коло од групата Д на Евро 2024 година.

„За жал, не успеавме да го најдеме патот до голот. Натпреварот беше со висок интензитет и задоволен сум од тоа како моите играчи го одиграа, иако реализацијата беше разочарувачка. Има многу позитивни работи од овој натпревар, а и мора да ги гледаме и нашите ривали во групата.

Единствено за што жалиме е недостатокот на ефикасност. Холандија беше повнимателна од вообичаено. Во споредба со нашиот ривал, имавме најмалку 36 часа за опоравување. И покрај се, одговоривме на спортско ниво. Направивме се што е можно за да се опоравиме што е можно повеќе“, прокоментира Дешам.

Франција е лидер во групата со четири бода исто колку и Холандија, третопласирана е Австрија со три, а Полјаците немаат бодови.

ПретходноПоследното барање на Килијан Мбапе ќе го уништи ПСЖ
СледноГотово е! Вардар добива странски спонзор со силен буџет!