Баерн Минхен настојува да го засили тимот за претстојната сезона, а по ангажманот на Винсент Компани на тренерската функција сега на ред е реконструкција на играчкиот кадар. Пред неколку часа се појави информација дека Баерн го сака Хакан Чаланоглу, но на списокот на Компани е и 22-годишниот француски напаѓач Мајкл Олисe.
Тој е роден во Лондон, кариерата ја почнал во Рединг, а сега е во Кристал Палас и игра за младинската репрезентација на Франција.
Според германскиот спортски новинар Флоријан Плетенберг, Баерн се договорил со играчот за платата и соработка до јуни 2029 година. Исто така е спремен да плати 60 милиони евра за овој играч.
Поради должината на договорот, Палас има право да си бара и повеќе пари. Ќе видиме како ќе се развива ситуацијата.
Дома Меѓународен фудбал Германија Има понуда од баварскиот гигант – Мајкл Олисе го напушта Кристал Палас?