Кадетките со победа над Црна Гора до петто место на Балканското првенство

97

Женската кадетска одбојкарска репрезентација на Македонија го освои петтото место на Балканското првенство во Тирана. Денеска во мечот од разигрувањето, избраничките на селекторот Александар Митев славеа со 3:2 во дуелот со Црна Гора и со втора победа најавија дека полека го креваат нивото на женската одбојка во меѓународни рамки.

МАКЕДОНИЈА – ЦРНА ГОРА   3:2 (23:25, 25:20, 22:25, 25:17, 18:16)

Во првото коло од групната фаза нашата репрезентација славеше против Албанија со 3:1, а денеска одигра маратонски меч со Црна Гора и успеа да запише и втор триумф.

Албанија со победа од 3:1 против Молдавија го освои 7. место, додека селекцијата на Србија е третопласирана, откако со 3:1 во малото финале ја совлада Романија. Финалето меѓу Бугарија и Турција се игра попладнево.

ПретходноСанчез се враќа во клубот во кој блескаше пред 13 години
СледноПријателска: Моќен Тиквеш, убедлив триумф над шампионот на Косово!