Тениската репрезентација на Македонија избори опстанок во Третата Европска зона од Дејвис купот откако триумфираше над селекцијата на Косово со 2-0.
На првиот меч, Берк Бугариќ го совлада Мал Агуши со 2-0 или по сетови 6-2 и 6-1. На вториот меч, Шендрит Деари беше подобар од Јасин Јакупи со 2-1 односно по сетови 6-4,1-6 и 6-3.
На овој турнир во Улцињ, Македонија ја совлада Словенија, а загуби од Црна Гора.
Во четвртата Евро зона оди Азербејџан, а Кипар и Црна Гора одат во Втората европска зона.