Македонските ракометарки немаат право на кикс против Ангола

429

По убедливиот пораз од Исланд вчера, македонската јуниорска женска репрезентација вечерва (20:15 часот) сама ќе одлучи дали на Светското првенство кое се одржува во Скопје ќе игра во главната рунда или пак ќе продолжи во Президент Купот.

Противник на избраничките на Дарко Јанев е селекцијата на Ангола, репрезентација која не смее да се потцени во ниту еден момент. За победа потребна е добра игра во одбраната во текот на сите 60 минути и ефикасна реализација, во спротивно целта нема да биде исполнета бидејќи противникот добро знае да казнува. Времето за подготовка беше кратко, но распоредот е еднаков за сите.

Она што е важно што постои голема самодоверба во нашите редови, ова вчера го потенцираше предводникот на „црвено-жолтите“.

Натпреварот меѓу Македонија и Ангола се игра во СЦ „Борис Трајковски“

ПретходноДимитријевиќ и официјално две години во Олимпија Милано
СледноЅвездата на Кристал Палас го одбра Баерн