Македонските ракометарки преку Ангола до пласман во главната рунда на СП (ФОТО)

368

Македонската женска јуниорска репрезентација обезбеди пласман во главната рунда, откако на последниот меч од групната фаза ја совлада Ангола со 24-28 (11-13). Избраничките на Дарко Јанев успеаја да се издигнат од убедливиот пораз од Исланд и да го заверат своето место во следната фаза каде нема да пренесат бодови. А таму прв противник е селекцијата на Португалија, мечот се игра во понеделник, a потоа селекцијата на Црна Гора.

Сара Стефаноска беше прогласена за играч на мечот, зад своето име запиша шест гола исто колку и Емилијана Ризоска. Зад нив беше Ива Младеновска со пет погодоци.

Изедначена игра видовме во првото полувреме. Ангола на во три наврати имаше минимални плус еден, е некаде од средината на овој период, Македонина фати ритам и одржуваше предност од еден од три гола (7-10, 9-12 и 10-13). На одморот беше 11-13.

Со серија од 6-0 на стартот на второто полувреме, нашите ракометарки го направија најважниот чекор кон победата, поведоа со 12-19, беше и 12-20 и 14-21. Од овој момент се изгледаше полесно, Македонија ја имаше полесната задача, а тоа е да го приведе мечот во своја корист.

Со оваа победа нашите ракометарки се пласираа меѓу 16-те најдобри репрезентации во светот во јуниорска конкуренција.

ПретходноПОЛУВРЕМЕ: Тилеманс за 75 секунди обезбеди водство за Белгија (ВИДЕО)
СледноРоналдо се израмни со Поборски на листата на најдобри асистенти на ЕП