Марковски со трофеј од фјучерсот во Србија

149

Македонско-српската комбинација Обрад Марковски – Стефан Латиновиќ го освои фјучрс турнирот М15 Куршумлијска Бања. Тие во финалето во конкуренција на двојки ги совладаа четвртите носители Јан Храздил и Вацлав Шафранек со 2-1 во сетови (16 76(4) 10-7). Мечот траеше 1 час и 32 минути. Ова воедно за Марковски е прв трофеј во сениорска конкуренција.

Марковски и Латиновиќ станаа „специјалисти за сетот на поени“ откако претходно во првото коло со 2-1 во сетови ги совладаа првите носители со 10-6 на поени во решевачкиот сет, а потоа во четвртфиналето истотака на поени со 10-8 ги победија шпанските тенисери Мстре – Нахаро.

Во финалниот меч нивните ривали го добија првиот сет со сигурни 6:1 во гемови, откако поведоа на стартот со 4:0. Во вториот сет Марковски и Латиновиќ од 1:2, поведоа со 4:2, но ривалите изедначија на 4:4 и сетот се решаваше во тај-брекот. Во гемот на поени македонско-српската комбинација поведе со 5:3 што се покажа како клучно. Во решавачкиот сет од негатива 2:5 на поени Марковски и Латиновиќ направија пресврт и стигнаа до триумф во сетот со 10:7 на поени.

Марковски со оваа победа се приклучи на македонските тенисери кои имаат триумф на турнир во конкуренција на двојки како: Александар Китинов, Зоран Шевченко (сателит турнири), Лазар Магдинчев, Предраг Русевски, Димитар Грабул, Томислав Јотовски, Калин Ивановски, Горазд Србљак, Илија Мартиноски.

ПретходноДиректорите на Брера во посета на Мозамбик
СледноГерманците потфрлија во Франкфурт – УЕФА има план!