Челзи официјално го купува Естевао Вилијан, кого го нарекуваат „Месињо“.
„Сините“ го официјализираа доаѓањето на младиот бразилски талент од Палмеирас, а допрва треба да се обелоденат и деталите од договорот.
„Месињо“ ќе игра во Премиер лигата следната сезона, откако Челзи успеа да го убеди и неговиот менаџер и неговиот клуб за да се затвори „дилот“.
Естевао Вилијан ќе игра за Челзи со договор до 2033 година. Роден во 2007 година, Бразилецот е моќен напаѓач, кој може да игра и како десно крило што е негова омилена позиција, но може и како втор напаѓач.