Историјата е испишана: Грузија го освои првиот бод на Европските првенства

303

Репрезентацијата на Грузија го освои првиот бод на Европските првенства со ремито 1:1 против Чешка во 2.коло од групната фаза на ЕП во Германија. Мечот беше содржаен, на стартот грузискиот голман Георги Мамардашвили ги брани ударите на Адам Хложек и Патрик Шик. Во 23 минута Хложек ја испрати одбиената топка во голот но ВАР го поништи поради претходна игра со рака.

Веднаш потоа Мамардашвили одлично реагира по големата шанса на Вацлав Черни во ситуација еден на еден. Но и Грузија се закани со удар на Кашија, но голманот на Чешка одбрани.
Во таа акција судијата виде играње со рака и покажа на белата точка. Микаутадзе погоди за предност на Грузија.(ГОЛОТ ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ОВДЕ)

Во 59 минута Ондреј Лингр со глава ја погоди стативата, а на вистинското место се најде Шик кој со гради ја испрати топката во голот (ГОЛОТ НА ШИК НА ОВОЈ ЛИНК).

До крајот на мечот гледавме налети на :Чешка која настојуваше да дојде до победа, а Грузија успешно се бранеше.

Чешка и Грузија имаат по еден бод во групата Ф и во последното коло ќе мора да одат на победи ако сакаат осминафинале. Чешка ќе игра со Турција, а Грузија со Португалија.

ПретходноДанило: По првата сезона во Реал сакав да се откажам од фудбалот
СледноРубин соопшти каква казна му спрема на Даку за недоличното однесување на ЕП