ПОЛУВРЕМЕ: Португалија со комотна предност оди кон втора победа на Еуро 2024 (ВИДЕО)

111

Португалија одлично си заврши половина од денешната работа на дуелот со Турција во битката за првото место во групата „Ф“ на Еуро 2024. Португалците имаат предност од 2:0 по првите 45 минути, откако Турција во едно хаотично прво полувреме, имаше една своја шанса да извади и подобар резултат, но дозволи Португалците на многу лесен начин да дојдат до предност од два гола разлика.

Бернардо Силва по една одлична акција го отвори резултатот во 21. минута, додека Акајдин со еден прилично чуден автогол им обезбеди двојна предност на Португалците.

 

 

ПретходноПријателска: Моќен Тиквеш, убедлив триумф над шампионот на Косово!
СледноНачо потпиша договор со новиот саудиски прволигаш Ал Кадсија